25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФајзер оваа година очекува приход од 36 милијарди долари од продажба на...

Фајзер оваа година очекува приход од 36 милијарди долари од продажба на вакцини

Американската фармацевтска компанија Фајзер објави дека очекува 36 милијарди долари приход годинава од продажбата на вакцините против Ковид-19.

Компанијата заработи 13 милијарди долари во третиот квартал, повеќе од очекуваното, иако продажбата на вакцината oпадна во САД.

На крајот на вториот квартал Фајзер предвиде дека во 2021 година ќе заработи 33,5 милијарди долари, што е двојно повеќе од прогнозите од почетокот на годината кога почна да продава вакцини.

Американската компанија ги дели трошоците и приходите со германската компанија Бионтек.

Во САД, продажбата на вакцини падна на 1,59 милијарди долари во третиот квартал од нешто повеќе од 2 милијарди долари во претходниот квартал.

Тоа го очекуваа аналитичарите, бидејќи побарувачката падна по првичниот голем интерес.

Американската агенција за лекови (ФДА) минатата недела ја одобри вакцината Фајзер/Бионтек за деца на возраст од пет до 11 години, отворајќи го патот за претстојното започнување на нова голема фаза на вакцинација за 28 милиони деца во земјата.

Американската влада веќе купи 115 милиони дози вакцини за деца, што е доволно за имунизација на најмладата популација.

Според аналитичарите, Фајзер очекува зголемен профит врз основа на договорот за продажба на третата доза и продолжување на вакцинацијата на децата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП