Лигата на шампионите е најпрестижното клупско натпреварување во светот. „Спортрадар“, објави дека минатата сезона на натпреварите во Лигата на шампионите, биле уплатени 26 милијарди евра. „Спортрадар“, неодамна стана генерален партнер на УЕФА за спортско обложување.
Според анализата, вкупниот промет во овој сектор, во 2021 година, изнесува неверојатни 520 милијарди евра. Од оваа сума, 78 милијарди, или 15 отсто, припаѓаат само на најсилните европски лиги, и натпреварувањата на УЕФА (Лигата на шампионите или Лига Европа).

