3 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Bank of America“: Нафтата до крајот на јуни ќе достигне цена од...

„Bank of America“: Нафтата до крајот на јуни ќе достигне цена од 120 долари

Меѓународниот репер за нафта Брент ќе достигне цена од 120 долари за барел до крајот на јуни 2022-ра година, предвидуваат аналитичарите на „Bank of America“, цитирани од „Bloomberg“.

Глобалната енергетска криза ги зголеми цените на гасот и јагленот во многу делови од светот, што пак даде нов поттик за закрепнување на главните фјучерси со кои се тргува во Лондон и Њујорк, велат банкарските аналитичари во белешката.

Досега неколку трговци со нафта изјавија дека цената од 100 долари за барел е се поблиску. Ова се случува во услови на силна побарувачка, која ја надминува понудата, и забавување на инвестициите во нови извори на производство, што се заканува да овозможи пресушување на резервите.

Во исто време, зголемувањето на побарувачката за бензин, како и обновувањето на дестилатите како што се дизелот и авионското гориво, плус ограничувањата на капацитетот за рафинирање, би можеле да го забрзаат растот во 2022-ра година, додаваат аналитичарите.

Во меѓувреме, сортата Брент повторно се приближува до прагот од 85 долари за барел. За време на тргувањето на Волстрит во понеделникот, неговите фјучерси пораснаа за 0,9% до 84,48 долари за барел.

Американската сорта „WTI“, пак, додаде 0,2% на својата цена на 83,72, намалувајќи ја разликата со Брент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП