27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМарокански суперавтомобил со 1750 KS

Марокански суперавтомобил со 1750 KS

laraki-epitome-1

По двата неуспешни обиди, мароканскиот дизајнер Абдеслам Лараки се одлучи уште еднаш да си ја проба среќата и изработи суперавтомобил од светска класа, кој во текот на викендот беше претставен на манифестацијата во Калифорнија.

Запознајте го „Laraki Epitome“ кој е заснован на шасија на „C6 Chevrolet Сorvette“, но со уникатна надворешност и ентериер, како и со агрегат кој има дури 1750 KS.

laraki-epitome-2

Станува збор за 7,0-литарски V8 мотор на „GM“ во комбинација со два турбо компресори, кој на регуларно гориво може да произведе 1200 „коња“. Меѓутоа инсталиран е уште еден резервоар кој е наменет за гориво со 110 окатни, па благодарејќи на посебната модификација, моторот може да работи на мешавина на двете горива и да ги достигне споменатите 1750 KS.

Имајќи во предвид дека „Epitome“ е тежок само 1270 килограми, пред се поради употребата на јаглеродни влакна во неговата изработка, ќе биде навистина интересен за возење. Секако таквото уживање не доаѓаа без соодветната цена која изнесува 2.1 милион евра.

laraki-epitome-3

Компанијата засега планира да направи само девет примероци, но ако побарувачката биде на потребното ниво може да се смета и на сериско производство.

Абдеслам Лараки својата компанија ја основал во 1999-та година, а првиот модел „ Fulgura“ беше изработен врз основа на „Lamborghini Diablо“ и го придвижуваше V12 мотор на Мерцедес. Вториот модел, „Borak“ имаше сопствена шасија и мотор на Мерцедес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП