23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден заспа на Самитот во Глазгов(ВИДЕО)

Бајден заспа на Самитот во Глазгов(ВИДЕО)

Медиумите во светот пренесуваат видео на кое се гледа дека американскиот претседател Џо Бајден, на Самитот за климата во Глазгов, повторно заспал при првичните говори на отворањето на тој собир.

Бајден е снимен како седи со скрстени раце и заспива додека истовремено се бори да ги држи очите отворени, пренесува лондонски „Мирор“.

На видеото кое го сподели новинарот на Вашингтон пост, се гледа како 78-годишниот Бајден дреме, по што му приоѓа помошник кој го буди.

Бајден потоа ги отвори очите, ги спушти рацете и му аплаудираше на говорникот кој ја заврши својата презентација.

„Ух, тоа не е најдоброто издание кога се обидувате да му кажете на светот да се разбуди“, напиша британскиот новинар Пирс Морган, кој го ретвитна видеото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП