28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа овошка има најсилно антиоксидативно дејство на светот

Оваа овошка има најсилно антиоксидативно дејство на светот

Сливите веќе широко се распространети на пазарите и мамат со нивната темновиолетова боја. Посегнете слободно по нив, бидејќи тие се наоѓаат на врвот на листата со овошја со најсилно антиоксидативно делување.

Кај нас ова овошје е исклучително распространето и омилено. Можете да го јадете во било кое време од денот, па и наутро.

За појадок можете да направите овошен јогурт од сливи, така што во обичен јогурт ќе додадете исецкани и излупени сливи и мед по желба. А доколку сами печете ржан леб, во подготовката на сместа можете да додадете на половина исецкани сливи во рерната. Се печат на 200 степени додека да се набрчкаат. Вака подготвениот ржан леб е многу сладок, вкусен и исклучително здрав.

При купување на сливи бирајте цврсти плодови, неоштетени и со петелка. Површината треба да им биде како замаглена, што покажува дека со сливите добро е постапувано.

Во фрижидер можат да се чуваат најмногу до три дена бидејќи брзо дозреваат. Држете ги посебно во хартиена кеса, бидејќи кога дозреваат ослободуваат етилен кој го забрзува зреењето на останатото овошје и зеленчук кои се наоѓаат во фрижидерот.

Откако ќе ги извадите од фрижидер треба малку да отстојат на собна температура, бидејќи на тој начин им се враќа максимално сочноста и слаткоста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП