2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗошто се прославува Ноќта на вештерките?

Зошто се прославува Ноќта на вештерките?

Ноќта на вештерките или „Halloween“, како што го нарекуваат Американците, се слави секој 31 октомври, а клучните моменти вклучуваат маскирање, собирање бонбони од врата до врата и моделирање на тикви. Ноќта на вештерките има свои корени во паганските обичаи на народите од денешна Ирска. Се празнува во последната ноќ на октомври, бидејќи за тогашните Келти, 1 ноември бил крај на жетвата и почеток на новата година. Самото име Ноќ на вештерките потекнува од името на келтскиот празник „All Hollow’s Eve“ или, во превод, вечер на сите светци. Луѓето од страв да не се сретнат со мртвите предци се облекувале во костими и правеле многу врева за да ги избркаат. Тие веруваа дека душите на мртвите се враќаат кај живите токму оваа ноќ.

Се разбира, ова е еден од многуте митови. Друга легенда вели дека богот на смртта Самхаин на овој ден им дозволил на душите на мртвите да ги посетат домовите на нивните најблиски. Гладните души молеле за храна, а оние кои не сакале да ги угостат достоинствено ги чекале тешки казни.

Ноќта на вештерките во модерното време стана синоним за забава под маски со ликови на вештерки, вампири, духови и слични страшни појави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП