3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватскиот банкарски сектор со добивка помала за 41,5 проценти

Хрватскиот банкарски сектор со добивка помала за 41,5 проценти

hrvatskanarodnabanka1

Хрватскиот банкарски сектор првата половина од оваа година ја заврши со 1,26 милијарди куни (170 милиони евра) добивка пред оданочување, што е за 41,5 проценти помалку во споредба со истиот период минатата година.

Според податоците на Хрватската национална банка, која вчера ги објави своите привремени неревидирани податоци за работењето на кредитните институции во првата половина од година, најголемиот дел од остварената добивка во банкарскиот сектор се однесува на пет големи банки.

Како и до сега, најголема добивка има „Привредна банка“ со 583,59 милиони куни и „Загребачка банка“ со 476,1 милиони куни, јавуваат хрватските медиуми.

Следи „Ерсте банка“ со 152,86 милиони куни, „Рајфаизен банка“ со 71 милион куни и „Хипо Адриа банк“ со 35,43 милиони куни.

Вкупната добивка на банките во минатата година пред оданочувањето изнесувала 3,39 милијарди куни, што е за 28 проценти помалку во однос на 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП