20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„БЕНЗИНСКИ ТУРИЗАМ“ ВО ГЕРМАНИЈА: Сѐ повеќе граѓани патуваат во соседните земји за...

„БЕНЗИНСКИ ТУРИЗАМ“ ВО ГЕРМАНИЈА: Сѐ повеќе граѓани патуваат во соседните земји за да купат поевтино гориво

Зголемените цени на моторните горива дома го поттикнаа прекуграничниот „бензински туризам“ во Германија оваа есен. И покрај трошоците за патување, се поголем број Германци ја минуваат границата во потрага по поевтино гориво во соседните земји.

Цената на бензинот во Германија достигна речиси 2,0 евра (2,30 долари) за литар, што значи дека полн резервоар гориво чини околу 20 евра повеќе отколку во соседна Полска, Австрија или Чешка.

– Возењето преку граница само за полнење гориво е вредно за трудот ако разликата во цената е голема, а растојанието е многу кратко – вели Јирген Албрехт, експерт за гориво во германскиот генерален авто-мото клуб.

Меѓутоа, како што разликата во цената се зголемува, а прогнозите продолжуваат да се влошуваат, се повеќе Германци се подготвени за подолги патувања во соседството за да го наполнат автомобилот со гориво.

„Сите се загрижени за поскапувањето. Слушнав дека следната година може да се зголеми тројно“, изјавил еден возач.

Друг вели дека горивото секаде поскапува и дека е загрижен дека полнењето на резервоарот ќе стане прескапо, а во исто време тој зависи од неговиот автомобил.

„Ако живеете далеку од јавниот превоз, што друго ви останува?“, додава тој.

Глобалните цени на природниот гас, јагленот, нафтата и електричната енергија во моментов се невообичаено високи поради растечката глобална побарувачка за енергија, поради отворањето на економиите по ковид-мерките.

Покрај тоа, инвестициите во енергетскиот сектор се ограничени поради пандемијата, додека нивоата на залихи во капацитетите за складирање на природен гас во Европа се пониски од вообичаеното. Влијанието на овие фактори врз цените на горивото се чувствува не само во Германија, туку и низ Европа.

Според „ZTG“, германската трговска асоцијација на бензински пумпи, цените на горивата рапидно растат, а даноците и царините исто така придонесуваат за нивниот остар скок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП