Витаминка Ад Прилеп во периодот јануари-септември оствари добивка по оданочување во висина од 21.119 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е пониска за 9 %.
Остварените единечни вкупни приходи за девет месеци од 2021 година изнесуваат 2.124.674 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2020 година бележат пораст од 15%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2020 година се повисоки за 14%.

