3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Volvo XC60

Новиот Volvo XC60

volvox

„Volvo“ ја претстави редизајнираната верзија на својот најдобро продаван модел „XC60“ кој доби нов преден дел со нова форма на хаубата кај која е нагласен широкиот и сигурен изглед.

„Volvo XC60“ исто така доби и унапреден ентериер. Новите карактеристики вклучуваат нови дрвени украси, обложени Б столбови и тесни метални рамки околу отворите за вентилација и контролните копчиња.

volvox1

Возилото го карактеризира висок клиренс, како и водечка во класата шасија во смисла на сигурноста и стабилноста. „Volvo XC60“ е дизајниран за да може возачот да се движи и по недостапните патеки надвор од патиштата со еднаков степен на комфор како и кога вози по патиштата.

Со системот за погон на сите четири тркала „XC60“ станува многу добро и разновидно возило за било какви временски услови.

volvox2

Новиот „Volvo XC60“ доби „D5“ мотор кој развива 215ks, како и „D4“ верзијата на моторот која развива моќ од 163ks.

Двата агрегати се достапни со мануелна трансмисија, како и со системи за погон на сите четири тркала со потрошувачка на дизел горивото од 5.3L/100km и емисија од 139g/km.

volvox3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП