29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсториски план: 1,750 милијарди долари за трансформација на американската нација

Историски план: 1,750 милијарди долари за трансформација на американската нација

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пред Конгресот претставил „историски план“, кој се однесува на милијарди долари за социјални и еколошки мерки, непосредно пред неговото патување во Европа на самитите Г20 и COP26.

„Имаме рамка за историски економски план“, рече претседателот на Белата куќа. Сепак, тој не кажа дека се работи за формален договор меѓу двете струи во неговата Демократска партија.

„Тоа е рамка на план кој ќе создаде милиони работни места, ќе влијае на економскиот раст и ќе инвестира во нашата нација и нашиот народ“, додаде тој.

Тој, исто така, нагласи дека нацрт-планот вклучува „најголема инвестиција досега за справување со климатската криза“, мерки кои по цена од 550 милијарди долари ќе овозможат намалување на емисиите на стакленички гасови до 2030 година за 50 до 52 отсто во однос на нивото од 2005 година.

Џо Бајден го претстави планот како резултат на долги преговори во рамките на струите во Демократската партија и објасни дека „никој не добил се што сакал, па ни тој“.

Износот на планот за социјални и еколошки мерки наречен „Build Back Better“ е преполовен во однос на неговите првични амбиции и изнесува 1,750 милијарди долари.

Со новиот план, заедно со веќе потврдениот инфраструктурен план, „ние навистина ќе ја трансформираме нашата нација“, заклучи Бајден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП