Во период од 06.08 до 28.10.2021 на територија на државата 45.621 граѓани, биле позитивни на Ковид-19, од нив како што соопшти Министерството за здравство 27% биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица.
Според последниот извештај од здравствените власти, голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19.
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 28 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
„Според статистика за изминативе два месеци, 33.246, граѓани, односно 73% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 75%, додека само 25% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 28.10.2021 на територија на државата починале 1592 пациенти со Ковид-19, 1310 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 282 примиле вакцина“, известуваат од министерството.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, велат од таму