11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНенаплатливите кредити во Русија ја притиснаа добивката на OTP

Ненаплатливите кредити во Русија ја притиснаа добивката на OTP

otpbank1

Добивката на унгарската банка „OTP“ се намалила во второто тромесечје поради ненаплатливите кредити во Русија каде очекува послаби резултати и во наредниот период.

Консолидираната добивка после данокот се намалила во второто тромесечје на 40,58 милијарди форинти (180 милиони евра), од 41,07 милијарди форинти колку што изнесуваше во истиот период лани, извести вчера унгарската банка.

Добивката пред данокот нагло пак пораснала, на 58,38 милијарди форинти, од 46,08 милијарди форинти во истиот период лани.

Тежина за нето добивката биле резервациите за ненаплатливите кредити во Русија, каде делот на „лоши“ кредити надмина 20 проценти.

„Се чини дека мораме да се подготвиме за слаба година во Русија после многу профитабилните три до четири години на тој пазар“, рече за новинарите заменик извршниот директор Ласло Бенцсик.

Останатите странски гранки, исто така, забележале слаби резултати и само 24 проценти од добивката на банката во разгледаниот период е остварена на странските пазари. Во првите три месеци од оваа година соодветниот дел изнесувал 45 проценти.

Банката во долгорочниот план зацртала дека 90 проценти од заработката ќе ја остварува на странските пазари.

Единствена солидно профитабилна голема странска подружница била онаа во Бугарија. Во Русија и Украина нето резултатите покажуваат пад, во Хрватска, Словачка и Црна Гора работењето било позитивно, додека филијалите во Романија и Србија и понатаму бележат загуба, се наведува во соопштението.

Голем терет за резултатите на банката е и посебниот данок за банките, на кој „OTP“ во второто тромесечје забележила еднократен трошок во висина од 13,2 милијарди форинти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП