9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканскиот Saks работел со загуба

Американскиот Saks работел со загуба

saks1

Американската компанија за луксузна роба, „Saks inc.“ (Saks Incorporated) во второто тромесечје од оваа година забележила нето загуба од 19,6 милиони долари.

Загубата по акција изнесува 13 центи, а кога ќе се исклучат вонредните ставки тогаш загубата изнесува 10 центи по акција, додека аналитичарите очекуваа минус од осум центи.

Како што пренесува францускиот весник „Capital“, приходите од работењето на овој американски ланец на стоковни куќи во истиот период изнесувале 707,838 милиони долари, што е зголемување од 0,5 проценти, а продажбата пораснала за 1,5 проценти, наместо 4,5 проценти колку што предвидуваа експертите.

Компанијата „Saks“ на 29 јули добила понуда за купување од канадскиот дистрибутерски гигант „Hadson’s Bay“, по цена од 2,9 милијарди долари, или 16 долари по акција. Трансакцијата би требало да биде извршена на почетокот на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП