21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најзадоволните работници во светот?

Кои се најзадоволните работници во светот?

happy3

Најзадоволните работници во светот се Холанѓаните, а веднаш зад нив се Американците.

Интересно е дека ниту едните, ниту другите не можат да се пофалат со голем број на платени неработни денови, но сепак се лидери во задоволството.

Дури 80 проценти од анкетираните вработени Холанѓани се многу задоволни, а исто така и 73 проценти од Американците, иако за голем дел од нив, годишниот одмор не е платен, пишува „Atlantic Мagazine“.

Тоа покажува дека платениот одмор, кој во некои држави како Холандија е задолжителен, не е предуслов за задоволство на работниците.

Анкетата покажува дека и 57 проценти од Италијанците се задоволни од својата работа, иако имаат платени само 20 денови годишен одмор и дополнителни 11 денови за државните празници.

Најмногу платени неработни денови во ЕУ имаат работниците во Австрија, односно 22 дена годишен одмор и 13 дена за државните празници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП