25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на НЛБ Банка АД Скопје за 33,5 отсто повисока од лани

Добивката на НЛБ Банка АД Скопје за 33,5 отсто повисока од лани

Нето добивката на НЛБ Банка АД Скопје заклучно со 30.09.2021 година изнесува 1.689.026 илјади МКД и е зголемена за 33,5% во однос на истиот период претходна година.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.09.2021 година се повисоки за 1,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 1,7%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и население, додека расходите по камати се пониски за 22,7% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 9,5% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 22,6% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали и повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата. Расходите за провизии се зголемени за 46,8%, главно поради повисоки расходи за картично работење и повисоки расходи за кеш центар.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 824.352 илјади МКД и се повеќекратно зголемени во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население како и поради зголемени приходи од курсни разлики.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 3.929.508 илјади МКД и се повисоки за 18,9% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.555.792 илјади МКД и се зголемени за 10,7% при што трошоците за вработени се повисоки за 5,6%, трошоците за амортизација се повисоки за 16,7%, останатите расходи од дејност се повисоки за 14,5% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 30.09.2021, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 468.071 илјади МКД или 5,3% повеќе во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 28.949 илјади МКД.

Бруто добивката на Банката заклучно со 30.09.2021 година изнесува 1.876.696 илјади МКД и е зголемена за 33,5% во однос на истиот период претходна година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП