24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОграничувањата во Виетнам ги повлекоа надолу резултатите на „Heineken“

Ограничувањата во Виетнам ги повлекоа надолу резултатите на „Heineken“

Холандската компанија за производство на пиво „Heineken“ објави поостар од очекуваниот пад на продажбата на пиво за третиот квартал во средата, откако ограничувањата поради Ковид-19 паднаа за повеќе од 50% во Виетнам – еден од нејзините три најголеми пазари.

Вториот по големина производител на пиво во светот рече дека неговата споредлива продажба на пиво за кварталот била за 5,1% помала на годишна основа, а продажбата во азиско-пацифичкиот регион паднала за 37,4% поради рестриктивните мерки околу Ковид-19 во Камбоџа, Индонезија, Малезија и Виетнам.

Просечната проценка во истражувањето спроведено од компанијата беше за вкупен пад од 2,3% и 25,6% за азиско-пацифичкиот регион со благ раст во Африка, Блискиот Исток и Европа.

Производителот на најпродаваното пиво во Европа – „Heineken“ ја задржа својата прогноза за годишните резултати, кои ќе останат под оние од пред кризата во 2019-та година.

Виетнам, една од најбрзо растечките економии во Азија, забележа рекордна економска контракција во третиот квартал бидејќи бројните случаи на заразени со варијантата делта на коронавирусот доведоа до сериозна блокада на трговскиот центар во Хо Ши Мин Сити.

Блокадата на градот почна да се намалува овој месец, и иако баровите остануваат затворени, извршниот директор на „Heineken“, Долф ван ден Бреник рече дека има знаци на закрепнување во азиско-пацифичкиот регион.

Продажбата во Европа исто така беше разочарувачка, бидејќи не успеаја да го постигнат очекуваниот раст. Од „Heineken“ велат дека слабите перформанси делумно ги одразуваат лошите летни временски услови во Северна Европа, но и логистичките нарушувања во Британија.

Конкурентите „Anheuser-Busch InBev“ и „Carlsberg“ ќе ги претстават своите резултати за третиот квартал во следните денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП