2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија нема да го поддржи глобалното ветување за метанот

Австралија нема да го поддржи глобалното ветување за метанот

Австралија нема да го поддржи ветувањето, предводено од Европската унија и САД, за намалување на емисиите на метан за 30 отсто до 2030-та година, поради загриженоста за влијанието врз земјоделството, производството на јаглен и гас, изјави во четвртокот портпаролот на министерот за енергетика.

Сепак, Нов Зеланд, уште еден голем емитер на метан преку својата млечна и овчарска индустрија, би можел да го потпише глобалното ветување за метанот.

„Нов Зеланд активно размислува за потпишување на ветувањето и наскоро ќе донесе одлука“, рече портпаролот на министерот за климатски промени Џејмс Шо.

Соединетите држави и ЕУ го најавија ветувањето за метанот во септември, со цел да се соберат брзи климатски активности пред почетокот на климатската конференција на ОН, COP26 во Глазгов, која започнува во недела.

Емисиите на метан – кои доаѓаат од природниот гас, рудниците за јаглен и говедата и овците – се втората најголема причина за климатските промени зад јаглерод диоксидот (CO2).

Австралискиот премиер Скот Морисон одби да го поддржи ветувањето за метанот за да добие поддршка за нула емисии на јаглерод до 2050-та година од помладиот партнер на коалициската влада, Националната партија, која ги претставува руралните Австралијци, вклучувајќи ги земјоделците и рударите.

Лидерот на Националната партија Барнаби Џојс рече дека исклучувањето на метанот од австралиската цел за 2050-та година е неопходно бидејќи намалувањето на емисиите на метан за 30 отсто би било катастрофа за месната и млечната индустрија и за производството на гас.

„Единствениот начин на кој можете да постигнете намалување на метанот за 30 проценти до 2030-та година е да земете пушка и да почнете да пукате во вашиот добиток“, им рече Џојс на новинарите во Канбера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП