Европската комисија објавува втор повик за големи проекти во рамките на Фондот за иновации, една од најголемите светски иновативни технолошки програми за нискојаглерод диоксид. Фондот е финансиран од аукции за дозволени емисии.
Со буџет од 1,5 милијарди евра ќе финансираат револуционерни технологии во областа на енергијата од обновливи извори, енергетски интензивни индустрии, складирање и зафаќање енергија, користење и складирање на јаглерод диоксид, соопшти Европската комисија.
Поради значителниот број на апликанти на првиот повик и силните презентирани проекти, Комисијата одлучи да го поедностави процесот на аплицирање, кој сега се состои од само една фаза. Со ова се очекува да се намали периодот од поднесување на апликацијата до доделување на грантот.
Проектите ќе се оценуваат според нивниот потенцијал за избегнување на емисиите на стакленички гасови, нивниот иновативен потенцијал, нивната финансиска и техничка одржливост и нивниот потенцијал за зголемување на обемот и економичноста. Повикот е отворен за проекти од сите земји-членки на ЕУ, Исланд и Норвешка до 3-ти март 2022-ра година.
Проектите може да се поднесуваат преку порталот за финансирање и набавки на ЕУ.
На 10-ти ноември ќе биде организиран информативен ден на кој кандидатите ќе добијат информација за новата покана.
Со приходи од над 25 милијарди евра до 2030-та година (во зависност од цената на емисиите на јаглерод), Фондот за иновации има за цел да создаде соодветни финансиски стимулации за компаниите и јавните власти да инвестираат во следната генерација технологии со низок јаглерод во моментов и да обезбедат компаниите од ЕУ, кои се со почетна предност, да станат светски лидери во технологијата.