20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКралицата Елизабета Втора се откажа од учеството на конференцијата за климата

Кралицата Елизабета Втора се откажа од учеството на конференцијата за климата

Британската кралица Елизабета нема да присуствува на климатскиот самит COP26 во Глазгов следната недела, бидејќи и било советувано да се одмори, соопшти денеска Бакингемската палата.

– По советот да се одмори, кралицата презеде полесни обврски во Виндзор – се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Се додава дека „Нејзиното височество со жалење одлучи да не патува во Глазгов за да присуствува на самитот за климата“.

Одлуката на кралицата Елизабета да не присуствува на климатскиот самит COP26 во Глазгов следната недела беше „разумна мерка на претпазливост“ и таа се надева дека другите нема да ја искористат нејзината одлука како причина да го пропуштат настанот, изјави извор од Бакингемската палата.

Кралицата ќе им се обрати на насобраните делегати преку снимена порака, се додава во соопштението на палатата.

Кралицата Елизабета остана во приватната болница „Крал Едвард VII“ во Лондон минатата среда, откако беше подложена на „прелиминарни проверки“ поради неодредени, но не и болест која на било кој начин е поврзана со коронавирусот, јавува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП