26 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААмериканските астрономи тврдат дека ја откриле првата планета надвор од нашата галаксија:...

Американските астрономи тврдат дека ја откриле првата планета надвор од нашата галаксија: „Треба да се истражи повеќе, но мислиме дека имаме силни аргументи“.

Астрономите пронајдоа траги од нешто што би можело да биде откривање на првата планета надвор од нашата галаксија.

Научниците досега пронајдоа речиси 5.000 егзопланети кои орбитираат околу други ѕвезди во нашата галаксија Млечен Пат, но телескопот Chandra X-Ray на НАСА можеби ја откри првата планета со големина на Сатурн во галаксијата Messier 51, оддалечена 28 милиони светлосни години.

Ова потенцијално откритие е резултат на набљудувањето на далечните ѕвезди, кои кога планета ќе помине пред нив, бележат карактеристичен пад на нивните нивоа на светлина. Ваквите планетарни транзиции можат да се откријат со телескопи, а истата техника досега е користена на илјадници откриени егзопланети во нашата галаксија.

За евентуалното откритие на првата планета надвор од Млечниот пат е заслужна д-р Розана Ди Стефано од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсониан во Кембриџ, САД, заедно со нејзините колеги. Таа и нејзиниот тим всушност бараа затемнување во сјајот на х-зраци кои доаѓаат од бинарен систем кој шири х-зраци и обично се состои од неутронска ѕвезда или црна дупка што црпи гас од нејзината придружна ѕвезда.

Материјалот кој се наоѓа во близина на неутронската ѕвезда или црната дупка се прегрева и зрачи во спектарот на х-зраците.

Но, бидејќи областа која произведува блескави рендгенски зраци е мала, планетата која минува пред таа област може да ги блокира повеќето или сите тие зраци, што го прави полесно да се забележи поминувањето на таа планета пред таков космички бинарен систем.

Бинарниот систем во кој е откриен можен кандидат за планета се нарекува M51-ULS-1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП