25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајскапата „Cupra“ ќе чини од 61.650 евра (ВИДЕО)

Најскапата „Cupra“ ќе чини од 61.650 евра (ВИДЕО)

Осум месеци по официјалната премиера, „Cupra“ почна да прима нарачки за „Formentor VZ5“. Спортскиот кросовер, кој користи ист мотор како и „Audi RS 3“, сега е достапен на различни пазари, со цени кои започнуваат од 61.650 евра.

Автомобилот ќе доаѓа во лимитирана серија од 7.000 примероци, а покрај најскапиот, тој е и најмоќниот модел на брендот „Cupra“, кој повеќе не е дел од „Seat“, туку посебен производител на автомобили.

Под хаубата на кросоверот се наоѓа 5-цилиндричен бензински турбо мотор, кој е комбиниран со 7-степен автоматски менувач „DSG“ со двојна спојка и систем за погон на четири тркала „4Drive“.

Моторот може да се пофали со 390 ks и 480 Nm, кој има 10 ks помалку од „RS Q3“ и „RS Q3 Sportback“. Иако малку заостанува по моќ од неговите германски „братучеди“, кросоверот е всушност 0,3 секунди побрз при забрзување од 0 до 100 km/h – 4,2 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

Во споредба со „Formentor VZ“, кој има 310 ks, „VZ5“ има намалено растојание од 10 mm пониско од подлогата, како и поголеми клешти на сопирачките и 20-инчни тркала. Врвната верзија има и мат решетка на ладилникот, голем долен довод на воздух во предниот браник, нов дифузер од карбонски влакна назад, дијагонално распоредени пригушувачи и логото „VZ5“. Клиентите можат да изберат помеѓу мат бојата „Magnetic Grey“, како и „Petrol Blue“ и „Midnight Black“ металик.

Внатрешноста на спортскиот кросовер има предни седишта во црна или сина кожа, детали од темен алуминиум и бакар, 12-инчен екран на допир за инфозабавен систем со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“, персонализирана дигитална табла со инструменти и неколку други елементи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП