Дали е доволно да заштедите милион долари за да ви обезбеди мирна пензија во Америка?
Тоа зависи од тоа каде живеете бидејќи просечната цена на живеење варира од држава до држава.
Инфографикот, кој се базира на податоците собрани од „GOBankingRates.com“, покажува колку години ќе траат заштедите од милион долари во 50-те најголеми американски градови.
Можеби не е изненадување што Сан Франциско се најде како најскап град на листата. Заштедата од 1 милион долари за пензионирање трае приближно осум години во Сан Франциско. Важен фактор кога станува збор за овој град се трошоците за домување. Според „Sperlings Best Places“, домувањето во Сан Франциско е скоро 6 пати поскапо од националниот просек и 3,6 пати поскапо отколку во државата Калифорнија.
Од друга страна, за пензија од милион долари би биле потребни 45,3 години во Мемфис. Тоа е околу 37 години подолго отколку што би траеле во Сан Франциско. Во Мемфис, трошоците за домување се околу 2,7 пати пониски од националниот просек, а другите трошоци како што се намирниците, здравствената заштита и комуналните услуги се исто така далеку под националниот просек.
