Индиската економија постојано бележи брз раст, толку брз што во следните две-три години може да достигне вредност од пет трилиони долари, а до 2030-та година дури 10 трилиони, изјави тамошниот министер за енергетика Хардеп Синг Пури.
Моментално вреди околу 2,8 трилиони долари, што значи дека за такви резултати треба многу интензивен раст. Сепак, економскиот раст е нешто на што се навикнати – оваа земја бележи голем раст на производството и извозот, но и инвестициите во трансформација на животниот стил и бизнис, што најдобро се гледа преку постигнувањето на еколошките цели поставени со Парискиот договор, пишува „RT“.
По минатогодишното забавување на економијата, кое го погоди целиот свет, Индија успеа многу брзо да закрепне, што сепак е карактеристично за земјите кои тргнуваат од ниска почетна точка. Според некои проценки, растот на нејзината економија во вториот квартал од 2021-ва година ќе биде над 20 отсто. Само нејзината берза порасна за 250 проценти од март 2020-та година.
Индија е една од најголемите светски економии. Земјата се стреми да постигне амбициозна цел и да стане економија со пет трилиони долари во следните пет години.
Еве неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за оваа земја.
Индиската економија порасна речиси шест пати за помалку од 20 години
На крајот на милениумот, бруто домашниот производ на земјата беше околу 459 милијарди долари, според Светската банка. Минатата година постигна еквивалент од 2,7 трилиони долари, што е шесткратно проширување за помалку од две децении.
Индија има најбрзо растечка економија во светот
Економијата на Јужна Азија се очекува да порасне 7,4 отсто во фискалната 2019-та година, во споредба со проектираниот раст од 6,3 отсто во Кина и само 2,5 отсто во САД. Импресивниот раст е чекор подалеку од девет проценти експанзија што ја уживаше индиската економија од 2003-та до 2008-ма година, пред растот да биде запрен од глобалната финансиска криза.
Годишниот БДП на Индија го надмина францускиот во минатата година и се предвидува дека наскоро ќе ги надмине Британија и Јапонија
Бруто домашниот производ (БДП) на Индија за 2017-та година од 2,726 трилиони долари беше нешто помал од францускиот БДП од 2,778 трилиони долари, според Светската банка, но во 2018-та година го надмина. Се очекува земјата со седмиот најголем БДП да достигне 5,9 трилиони долари до 2025-та година, соопшти глобалната консултантска компанија „IHS Markit“.
Се предвидува дека Индија ќе ја надмине Велика Британија до крајот на годината и ќе стане една од петте најголеми економии во светот. После тоа, на земјата ќе и требаат уште само шест години за да ја надмине Јапонија како трета по големина економија во светот, покажува студијата.
Земјоделството сочинува 50 отсто од работните места во Индија
Индија, како најголем светски производител на млеко и втор најголем производител на овошје и зеленчук, има успешна трговија и со морска храна. Севкупно, земјоделското производство претставува повеќе од половина од сите работни места во земјата.
Резервите на гориво се клучниот извоз на Индија, со 15 отсто од вкупниот извоз на земјата
Вкупниот извоз на нафтени деривати на Индија изнесува повеќе од една десетина од бруто вредноста на испораките во странство. Земјата генерира најголем приход од извозот на своите минерални горива, главно бензин, дизел, мазут и мазива. Во 2018-та година беа извезени околу 48,3 милијарди долари нафтени деривати, кои веќе се рафинирани.