29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолицијата утврди дека нема расизам во банерот против Њукасл

Полицијата утврди дека нема расизам во банерот против Њукасл

Полицијата во Лондон утврди дека нема потреба за било каква казна против навивачите на Кристал палас, кои објавија банер на мечот со Њукасл, претставувајќи ги новите саудиски газди како терористи и убијци.

„По проценката, детективите утврдија дека не е направен никаков прекршок и нема да има дополнителни активности“, објави полицијата од Кројдон.

На банерот беше претставен човек во арапска облека покрај директорот на Премиерлигата, Ричард Мастерс со куп пари и крв околу него и листа на прекршоци на саудиската држава.

Навивачката група на Палас, „Холмсдејл фанатикс“ објавија дека тие се одговорни за изработката.

„Саудиското преземање на Њукасл мора да предизвика обвинување и лутина. Да се договори ваква зделка во исто време додека Премиерлигата го промовира женскиот фудбал само ја покажува дволичноста и бездушната агенда за профит“, велат од навивачката група.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП