26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lamborghini“ повторно соборува рекорди

„Lamborghini“ повторно соборува рекорди

Додека автомобилските компании беа принудени да го намалат производството поради глобалниот недостиг на чипови, „Lamborghini“ не само што држи чекор со вообичаеното темпо на работа, туку дури и соборува рекорди во продажба.

Компанијата објави дека испорачала 6.902 автомобили на своите клиенти во периодот од јануари до септември оваа година. Ова е за 23% повеќе од резултатот за првите три квартали од 2020-та година, а дури и во споредба со истиот период од пред коронавирусот во 2019-та година, зголемувањето е речиси 6%.

Перформансите на марката се подобрија во сите три клучни региони: пратките во САД се зголемија за 25% (на 2.407 единици), во ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) за 17% (на 2.622 единици) и во регионот Азија-Пацифик за 28% (на 1.873 возила).

Најпродаван модел, очекувано е кросоверот „Urus“, од кој се продадени 4.085 примероци (+ 25%). Продажбата на 10-цилиндричните суперавтомобили на семејството „Huracan“ се зголеми за 28% до 2.136 примероци, додека „Aventador“ се продаде во 681 примерок, што компанијата го опишува како „стабилен резултат што одговара на напредната старост на моделот“.

Производителот додаде дека квотата за нарачки во наредните 12 месеци е полна, што значи дека компанијата ќе продолжи да ги подобрува своите рекорди. Досега најуспешна година во историјата на марката беше 2019-та година, кога беа продадени вкупно 8.205 автомобили. Веројатно, оваа година ќе биде надминато ова достигнување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП