28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновачот на Твитер: САД наскоро ќе ги зафати хиперинфлација која ќе промени...

Основачот на Твитер: САД наскоро ќе ги зафати хиперинфлација која ќе промени се

Коосновачот на Твитер Џек Дорси верува дека инфлацијата во САД ќе ескалира и дека работите значително ќе се влошат.

-Хиперинфлацијата ќе промени се. Тоа ќе се случи наскоро во САД, а и во светот – напиша Дорси на Твитер, во врска со растот на потрошувачките цени во САД, кој е блиску до 30-годишниот максимум и се поголемата загриженост дека проблемот може да биде дури и поголем отколку што очекуваа креаторите на монетарната политика, пренесува CNBC.

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел во петокот призна дека инфлациските притисоци „веројатно ќе траат подолго од претходно проценетото“, истакнувајќи дека тие би можеле да продолжат „идната година“.

Лидерот на американската централна банка додаде дека очекува ФЕД наскоро да започне со повлекување на вонредните корона мерки за поддршка на економијата, за кои критичарите велат дека го стимулирале растот на инфлацијата.

Покрај следењето на социјалната мрежа, која има 206 милиони активни корисници дневно, Дорси е силен застапник на биткоинот. Тој изјави дека Square, платформата за обработка на дебитни и кредитни картички чиј коосновач е Дорси, сака да влезе во рударење на оваа криптовалута. Square веќе поседува одредена сума на биткоини и овозможува тргување со нив.

Дорси е актуелен извршен директор на Twitter и Square.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП