18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерката за финансии: САД не ја губат контролата над инфлацијата

Министерката за финансии: САД не ја губат контролата над инфлацијата

Стапката на инфлација ќе остане висока следната година поради она што веќе се случи, но очекувам подобрување до средината или крајот на следната година, рече Џенет Јелен.

САД не ја губат контролата над инфлацијата, изјави американската министерка за финансии Џенет Јелен и посочи дека очекува инфлацијата да се врати на нормално ниво до втората половина на следната година, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Гласот на Америка.

Таа изјави за Си-Ен-Ен дека средствата, чија распределба е предвидена со плановите на претседателот Џо Бајден, за инвестиции во инфраструктурата и социјалните трошоци, ќе бидат распределени во следните 10 години, но не прецизираше дали тоа ќе ја влоши инфлацијата.

„Стапката на инфлација ќе остане висока следната година поради она што веќе се случи. Сепак, очекувам подобрување до средината или крајот на следната година – втората половина на следната година“, изјави Јелен.

Проблемите во синџирот на снабдување ги оптоваруваат САД и другите земји, додека побарувачката нагло расте поради отворањето на економиите.

Министерката Јелен очекува да се надминат доцнењата во снабдувањето со напредокот во борбата против пандемијата.

„Американците ќе ја вратат работната сила со подобрување на условите“, рече таа.

Федералните резерви (ФЕД) вети дека ќе ја задржи основната каматна стапка на сегашното ниво, кое е блиску до нула, додека пазарот на трудот целосно не закрепне и додека инфлацијата не ја достигне поставената цел од два проценти и остане над тоа ниво некои време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП