7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОва е најдоброто време за донесување на деловни одлуки

Ова е најдоброто време за донесување на деловни одлуки

bizodluki1

Како поминува годината, доаѓа најдоброто време за преглед на работењето преку целата година. Сега е вистинското време за донесување на важни деловни одлуки и планови кои ќе го одбележат понатамошното работење на компанијата.

За да бидете навремено подобро подготвени за претстојната фискална година, порталот „Business news“ ви носи пет совети кои треба да ги примените во моментот кога завршува летото.

Проверете ги цените и производите/услугите

Најдоброто време за прилагодување и вреднување на работата и производите, е токму сега. Размислете дали треба некои цени да ги корегирате, да ги надополните услугите и да ги измените понудите. Ова е одличен начин да се издвоите со вашите производи и услуги од конкуренцијата.

Оживејте го деловниот простор 

Ако веќе не сте го оживеале до сега, крајно време е да се организирате. Проверете што навистина ви треба од листовите што ви се расфрлани по бирото и средете го работниот простор. Создадете си опкружување кое ќе ве поттикнува да работите и кое ќе ви помогне во вашата креативност.

Средете ги работите кои се „на чекање“

Средете си ги работите кои биле „на чекање“ поради тековните обврски. Често, во текот на годината се случува, поради важни работи, да не можете да стигнете да одговорите на сите меилови и да ги проверите сите детали кои сте сакале да ги видите, а сега е најдобро време тоа да го надокнадите. Средете ги и административните работи токму сега кога од одморот сте се вратиле на работа со „полна пареа“.

Поставете си цели

Многу луѓе на почетокот на годината си поставуваат цели кои сакаат да ги исполнат. Но, најчесто се случува тие цели да останат само неисполнети желби. За да не ви се случи тоа и на вас, ставете два главни оквири. Прво, поставете си неколку долгорочни цели кои е можно да ги остварите низ неколку години или некој долг временски период. Потоа поставете си пореални цели кои е полесно да ги постигнете во пократок временски период како што се ажурирање на интернет страната на компанијата, поголема ангажираност на социјалните мрежи и слично.

Концентрирајте се на партнерите и клиентите

Колку и да се вашите производи и услуги добри и единствени, доколку немате задоволни корисници и купувачи, тоа нема да ви значи ништо. Фокусирајте го вниманието на задоволството на партнерите, но и на купувачите на вашите производи. Покажете дека ги разбирате нивните потреби и дека мислите на нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП