29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТХрватските државјани без визи од денеска во САД

Хрватските државјани без визи од денеска во САД

Хрватските граѓани од денеска можат да патуваат во САД без визи, соопшти американската амбасада во Загреб.

„Исклучително сме задоволни што хрватските граѓани сега имаат можност да патуваат во САД без виза“, се вели во изјавата на американскиот вршител на должноста Марк Флеминг која ја пренесоа хрватските медиуми.

Тој и честиташе на Хрватска за приклучувањето кон американската програма за укинување на визите (VWP), која дозволува патување во САД за деловни или туристички цели до 90 дена.

„Тоа беше долг процес, но вредеше трудот“, рече Флеминг.

Патувањето без визи е можно со аплицирање до Електронскиот систем за овластување за патување (ESTA).

Во соопштението се наведува дека апликациите преку ESTA може да се поднесат во секое време пред патувањето, но Министерството за државна безбедност препорачува патниците да поднесат барање најмалку 72 часа пред патувањето.

Хина известува дека за да се влезе во програмата за ослободување од визи, потребно е да се исполнат критериумите во областа на антитероризмот, спроведувањето на законот, имиграцијата, безбедноста на документите и управувањето со границите, а процентот на одбиени визи мора да биде под три проценти, со кои Хрватска неодамна ги исполни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП