26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСè повеќе Британци имаат потешкотии да ги платат сметките

Сè повеќе Британци имаат потешкотии да ги платат сметките

Сè повеќе луѓе во Обединетото Кралство имаат потешкотии да ги платат сметките, а повеќе Британци стравуваат дека нема да можат да ги загреат своите домови оваа зима, покажува новото истражување кое го прикажува ефектот на зголемената инфлација врз општеството.

Месечната анкета на „Kantar Public“, покажува дека 39 отсто од луѓето имаат поголеми потешкотии со својот месечен буџет отколку пред една година, што е зголемување за девет процентни поени во однос на септември.

Седум од десет учесници стравуваат дека цената на свежата храна и горивото ќе пораснат во следните неколку месеци, велат од „Kantar“.

За девет процентни поени во периодот септември-октомври се зголеми и уделот на луѓето кои се загрижени дека нема да можат да си дозволат да си ги загреат домовите во текот на зимските месеци – на 62%.

Сметките за комунални услуги во Велика Британија пораснаа на почетокот на овој месец, откако цената за најкористените услуги се зголеми за околу 12%.

Инфлацијата во земјата благо падна на 3,1% во септември, но Банката на Англија соопшти дека најверојатно наскоро ќе ја премине границата од 4%. Банката размислува кога да ги зголеми каматните стапки од нивното рекордно ниско ниво од 0,1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП