26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија остана 74. на ФИФА листата

Македонија остана 74. на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 74.место на ФИФА листата. Македонија, во октомври одигра два натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство, забележа победа и пораз. Од противниците со кои Македонија се бор за место на Мундијалот, на ФИФА листата, напредуваа Германија и Романија, назадуваа Исланд и Лихтенштајн, додека Ерменија остана на местото на кое беше и во септември.

Според октомвриската листа на ФИФА, пред Македонија се Германија 12 (+2), Романија 41 (+1) и Исланд 62 (-1), позади се Ерменија 89, Лихтенштајн 190.

На врвот на листата нема промени. Белгија е прва и покрај тоа што на завршниот турнир во Лигата на нации доживеа два порази. Бразил е втор, а Франција и Италија ја скокнаа Англија, која сега се наоѓа на петтото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП