11 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕ"Златно млеко" - го зајакнува имунитетот, помага при настинки, влијае на меморијата

“Златно млеко” – го зајакнува имунитетот, помага при настинки, влијае на меморијата

Млеко од куркума, на индиски – халди дод, е еден од најпопуларните пијалоци за подигнување на имунитетот, лекување на настинки, грип, а се користи и за артритис и воспаление.

Напитокот кој уште го нарекуваат и „златно млеко“ со векови се користи во Азија за борба против многу болести, а денес е еден од најпопуларните пијалоци.

Главната состојка е куркумата, која се состои од супстанција позната како куркумин.

Куркумата има антиинфламаторно, антисептичко и антиалергиско дејство, а помага при респираторни проблеми, влијае на расположението и меморијата. Ова млеко го подигнува имунолошкиот систем, го намалува крвниот притисок, го регулира метаболизмот.

Многу луѓе го подготвуваат со кравјо млеко, а ние откриваме необичен рецепт со ѓумбир и цимет и кокосово или бадемово млеко.

За да подготвите златно млеко, ќе ви требаат следниве состојки:

1 чаша кокосово млеко (или бадем)
1 стапче цимет
1 парче куркума, неизлупена и ретко исечена или 1/2 лажичка куркума во прав
1 парче ѓумбир, тенко исецкано
1 лажичка мед
1 лажичка девствено кокосово масло
1/4 лажичка црн пипер

Подготовка:

Сите состојки со една чаша вода ставете ги во мал сад и изматете ги. Почекајте да зоврие, потоа намалете го огнот и гответе околу 10 минути. Процедете во чаша и посипете цимет во прав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП