28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАСЗО: Пандемијата ќе потрае и во текот на 2022 година

СЗО: Пандемијата ќе потрае и во текот на 2022 година

Пандемијата „Ковид-19“ ќе „трае една година подолго отколку што е потребно“, затоа што посиромашните земји не ги добиваат вакцините кои им се потребни, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Д-р Брус Ејлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со Ковид може „лесно да се протегне длабоко и во 2022 година“, пренесува Би-Би-Си.

Помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, наспроти 40 проценти на повеќето други континенти.

Обединетото Кралство испорача повеќе од 10 милиони вакцини до земјите на кои им е потребна, и вети вкупно 100 милиони.

Огромна количина вакцини против Ковид се даваат во земји со висок и среден приход, додека Африка учествува со само 2,6 проценти од дозите дадени ширум светот.

Група добротворни организации, во која спаѓаат Оксфам и УНАИД, ги критикуваа Канада и Обединетото Кралство за набавката на вакцини за нивната популација преку Ковакс, глобална програма за правична дистрибуција на вакцини поддржани од ОН.

Официјалните податоци покажуваат дека на почетокот на оваа година, Обединетото Кралство добиле 539.370 дози вакцина „Фајзер“, додека Канада нешто помалку од милион дози од вакцината „АстраЗенека“.

Ејлвард апелираше до богатите земји да се откажат од „редиците“ за вакцини, за фармацевтските компании да можат да им дадат приоритет на земјите со најниски примања.

„Можам да ви кажам дека не сме на вистинскиот пат. „Навистина треба да забрзаме, или знаете што ќе се случи? Оваа пандемија ќе трае една година подолго отколку што е потребно“, рече Ејлворд.

Добротворната организација „People”s Vaccine“ објави нови бројки кои покажуваат дека само една од седумte дози ветени од фармацевтските компании и богатите земји всушност стигнува до посиромашните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП