28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарел нафта може да достигне 100 долари во првиот квартал од 2022...

Барел нафта може да достигне 100 долари во првиот квартал од 2022 година

Цените на суровата нафта може да достигнат 100 долари за барел во првиот или вториот квартал од следната година, бидејќи глобалните залихи се на најниско ниво, изјави ирачкиот министер за нафта, Ихсан Абдул Џабар.

Тој им рече на новинарите во Багдад дека сумата од 75 до 85 долари е „прифатлив“ опсег на цени за барел сурова нафта на долг рок, пренесува Ројтерс.

Тој посочи дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, кои ја сочинуваат групата ОПЕК +, се против неразумно зголемување на цените над прифатливите нивоа, но се „против акумулација на глобални резерви на нафта, што може да доведе до колапс на нафтените пазари“.

Џабар додаде дека во рамките на групата ОПЕК + се водат разговори за начини на балансирање на цените на нафтата, истакнувајќи дека засега нема одлука на маса за зголемување на производството над нивото предвидено со претходно потпишаниот договор за додавање на 400 илјади барели дневно на пазарот секој месец.

Државниот буџет на Ирак за 2022 година ќе се темели на цената на нафтата од 55 до 60 долари, рече тој, додавајќи дека очекува дека извозот на „црното злато“ од таа земја во октомври ќе изнесува просечно 3,4 милиони барели дневно, вклучително и нафтата од курдскиот регион во северен Ирак. Цените на нафтата благо се намалија во денешната тргување во Азија, но сепак се приближуваат до највисоко ниво, поради продолжувањето на енергетската криза што ги тресе сите региони во светот.

Цената на „фјучерсите“ на американската нафта WTI се лизна за 0,45 проценти до 82,59 долари за барел, што не е далеку од максималниот регистриран во понеделникот од 83,18 долари, што во исто време беше највисоко ниво од 2014 година.

Северноморската нафта „Брент“ падна за 0,4 проценти на 84,71 американски долари, се наведува во извештајот на британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП