20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкави се платите на возачите во Германија

Колкави се платите на возачите во Германија

Возачите на камиони во Германија заработуваат под просекот, што дополнително може да предизвика недостаток на работници во шпедициите, објави во вторникот германскиот завод за статистика.

Според последните податоци, квалификуваните возачи на камиони со полно работно време и вработените на неопределено работно време заработуваат во просек по 14,21 евра бруто на час.

Возачите без завршено стручно образование заработуваат 12,91 евра на час.

Ова е значително пониско во споредба со остатокот од пазарот на труд во Германија, каде квалификуваните работници заработуваат во просек по 19,97 евра на час.

Просечната бруто плата на обучен возач на камион изнесува 2.623 евра, додека во останатиот дел од економијата за квалификувани работници платата е 3.286 (бруто).

Професионалното здружение на возачи на камиони БГЛ предупредува дека во Германија во следните две години може да дојде до сличен колапс во шпедициите како што беше случај со Велика Британија во последно време.

„Веќе денес, на Германија и недостасуваат 60 до 80 илјади професионални возачи. „30.000 возачи одат во пензија секоја година, а доаѓаат само 15.000 “, стои во соопштението на БГЛ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП