СВЕТ

Кралицата Елизабета не се чуствува добро, лекарите препорачуваат одмор

Британската кралица Елизабета Втора го прифати советот на лекарот да се одмори следните неколку дена и ја откажа планираната посета на Северна Ирска, објави во средата Бакингемската палата.

„Кралицата неволно го прифати советот на лекарот да се одмори следните неколку дена“, објави Палатата.

„Нејзиното Височество е во добро расположение и е разочарана е што нема да може да ја посети Северна Ирска, каде што требаше да има ангажмани денес и утре“, се наведува.

Кралицата испраќа „најтопли желби до луѓето во Северна Ирска и со нетрпение очекува идна посета“, се додава.

Кралицата (95) владее речиси седум децении.