27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа њујоршката берза започна тргување на фјучерси на биткоини

На њујоршката берза започна тргување на фјучерси на биткоини

Првото тргување со берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше направено на Вол Стрит, со што конечно го добијаа инвеститорите во криптовалути она што го бараа, пренесува американската ТВ -станица CNN.

Фондот ProShares Bitcoin Strategy започна во вторникот со тргување со 40 долари по акција, под ознаката „BITO“ и го заврши денот со раст од пет проценти.

Ова е првиот фонд од неколкуте очекувани ЕТФ кои се подготвуваат да дебитираат со фјучерси на биткоин на њујоршката берза. CNN, VanEx, Invesco, Valkyrie и Galaxy Digital се меѓу неколкуте инвестициски компании кои поднеле апликации до Комисијата за хартии од вредност за да започнат тргување со биткоин ЕТФ, пренесува CNN.

Цената на биткоинот во вторникот попладне надмина 64.000 долари, зајакнувајќи се од нивото забележано на крајот на септември од 44.000 долари, што претставува зголемување од над 40 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП