24 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИИднината на каматните стапки не е "безусловна обврска"

Иднината на каматните стапки не е “безусловна обврска”

kamati

Еврото расте во однос на другите валути после изјавата на Бундес-банката дека иднината на каматните стапки не е “безусловна обврска”.

Еврото денес повторно расте во однос на другите главни валути после објавата на “Bundesbank” дека каматните стапки не е “безусловна обврска”.

Форекс парот EUR/USD повторно забележа скок до цена од 1,3374 во вчерашната трговија за потоа да се консолидира на 1,3347.

Најверојатно сега подлежи на новата поддршка од 1,3311 како и на отпорот при цена од 1,3390 што е и највисоката цена во месец Август.

Во својата месечна изјава Бундес-банката објави дека Германија како и другите членки на еврозоната треба да имаат корист од држењето на рекордно ниските каматни стапки.

Меѓутоа во истиот извештај е напоменето дека ветувањето на централната банка ќе ги држи ниските каматни стапки на подолг период, само доколку инфлацијата остане на средишно ниво.

Германската централна банка смета дека германскиот економски раст ќе се врати во нормала и ќе се стабилизира во втората половина од годината т.е во наредниот период, врз основа на минатонеделните податоци кои покажаа дека економијата во вториот квартал се проширила за 0,7% што и беше повеќе од очекуваното.

Аналитичарите сметаат дека растот е резултат на зголемувањето на домашната потрошувачка и зголеменото вложување.

Единствено еврото не растеше позначајно во однос на британската фунта, швајцарскиот франк и јапонскиот јен. EUR/GBP благо порасна до 0,8532, EUR/CHF забележа мал пад на 1,2350 a EUR/JPY со раст до 130,87.

Еврото забележа голем скок во однос на канадскиот, австралискиот и новозеландскиот долар, EUR/CAD порасте до 1,3783, EUR/AUD високо до 1,4587, додека EUR/NZD со најголем раст до 1,6457.

 

Извор: Адмирал Маркетс

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП