20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ подготвува фискална реформа по трошоците за закрепнување од Ковид-19

ЕУ подготвува фискална реформа по трошоците за закрепнување од Ковид-19

Европската унија оваа недела започна да работи на ревизија на своите фискални правила, со оглед на воведување нови концесии за да се олеснат потребните инвестиции за земјите-членки.

Европската комисија започна јавна дебата за таканаречениот Пакт за стабилност и раст – фискалната рамка за нивото на долгот и дефицитот на земјите. ЕУ го замрзна пактот во март 2020-та година за да им даде флексибилност на земјите-членки да одговорат на кризата со коронавирусот.

„Силната фискална поддршка обезбедена за време на пандемијата доведе до повисоко ниво на долг“, рече економскиот комесар на ЕУ, Паоло Џентилони, цитиран од „Bloomberg“.

„Овие предизвици прават дека е уште попотребно да се има транспарентна и ефективна фискална рамка“, додаде тој.

Пактот за стабилност и раст бара од земјите да таргетираат буџетски дефицит помал од 3% и товар на долгот помал од 60% од бруто домашниот производ.

Меѓутоа, какви ќе бидат барањата отсега, не е јасно, бидејќи земјите-членки остануваат поделени околу тоа дали и до кој степен строгите правила треба да се ублажат. Покрај тоа, за некои измени на пактот е потребна согласност од мнозинството земји-членки, додека други бараат дури и едногласност, нешто што е тешко да се постигне.

Во септември, група од осум земји предупредија дека за прилагодување на правилата кон новата ситуација вреди да се разговара „само ако новите предлози не ја загрозат фискалната стабилност“.

Како прв чекор, ЕК ќе претстави нови фискални насоки во првиот квартал од 2022-ра година, кои ќе ги земат предвид високите нивоа на јавниот долг во ЕУ при поставување цели за намалување на долгот за 2023-та година.

„Сите знаеме дека треба да одржуваме фискален став за поддршка и, во исто време, да ја направиме таа поддршка поселективна – рече Џентилони.

ЕК исто така е подготвена да ја разгледа можноста за трајна ревизија на правилата, што бара сериозни напори за балансирање на јавните финансии на земјите-членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП