8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија очајно бара работници: Се бараат од вратари во клубовите до возачи

Британија очајно бара работници: Се бараат од вратари во клубовите до возачи

Обединетото Кралство се соочува со невиден недостиг на храна за егзистенција во последниве недели, и да бидат работите уште полоши, покрај горивото и производите на полиците на продавниците, на Британија и недостасува и работна сила. Во моментов, најпотребни се работници за обезбедување и касапи.

Како резултат на тоа, шефовите на ноќните клубови се принудени да плаќаат обезбедување по 25 проценти повисока цена. Што, ако се земат предвид неколкумесечните затворања, е катастрофално за бизнисмените. Исто така, за време на заклучувањето, многу работници поради недостатокот на приходи започнаа да работат во други активности, пишува Гардијан.

Покрај тоа, сега кога владата ги олесни мерките против коронавирусот, клубовите се полни. Минатиот месец, на британскиот „Парклајф фестивал“, организаторите едвај успеаја да соберат 1.000 работници кои ќе го обезбедат настанот, на кој присуствуваа околу 80.000 луѓе.

„Ние секогаш ги земавме здраво за готово, испраќаме три или четири пораки до безбедносните компании и тие ви испраќаат околу 1.000 момци. Сега моравме да ги бараме низ целата земја“, рече Саша Лорд, организаторот на фестивалот.

Поради новите проблеми, многумина веруваат дека Владата на Обединетото Кралство, за да ја реши кризата, ќе прибегне кон издавање привремени визи.

„Постојат чекори што владата може да ги преземе за да го ублажи проблемот, без разлика дали станува збор за иницијативи за финансирање обуки, справување со недостатоците преку законодавство или издавање привремени визи за ублажување на кризата“, рече Мишел Кил од Здружението за ноќни клубови (NTIA).

„NTIA“ проценува дека културната индустрија останала без 90.000 работници речиси преку ноќ. Овој сектор има учество во БДП-то од 36 милијарди долари, што е 1,6 проценти од вкупниот бруто домашен производ.

Сопствениците на угостителски и туристички услуги ја молеа владата трајно да ја намали стапката на ДДВ за овој сектор, за да помогне во заштитата на илјадници работни места.

Останатите делови од економијата се исто така погодени од недостаток на персонал, особено прехранбената индустрија и оние што водат синџири на снабдување, вклучувајќи месарски работници и возачи на камиони.

Месарите ги „увезуваат“

Поради недостаток на работници во месната индустрија, Британија одлучи да издаде привремени работни визи за да ангажира квалификувани касапи од други земји.

Пакетот мерки за поддршка на решавањето на проблемите во месната индустрија предвидува откажување од барањето за течно познавање на англискиот јазик на идните работници.

Одгледувачите на свињи низ Британија велат дека комбинираните ефекти на Брегзит и коронавирусот предизвикале егзодус на работниците од Источна Европа од кланици и фабрики за преработка на месо, што резултирало со намалени нарачки и куп свињи во штали и пасишта низ целата земја.

Нема ниту храна

Исто така, на полиците на британските супермаркети им недостасуваат разновидни производи – од млеко, месо, риба до билки, овошје, замрзнат зеленчук, па дури и газирани пијалоци. Како причина за недостатоците најчесто се наведува недостатокот на возачи на камиони, но се појави и нов проблем – резервите на јаглерод диоксид се намалуваат. Јаглерод диоксидот се користи во голем број клучни индустрии, вклучувајќи продолжување на рокот на траење на храната, производство на газирани пијалоци и ладење нуклеарни централи. Во Британија, не само што е сѐ помалку увезен, туку еден од најголемите производители ги затвори своите две фабрики во Велика Британија минатиот месец поради зголемените цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП