3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк очекува стабилизација на германскиот раст во втората половина од годината

Бундесбанк очекува стабилизација на германскиот раст во втората половина од годината

bundes1

Германската економија би требало да се стабилизира во втората половина од годината, откако во вториот квартал оствари најсилен раст во повеќе од една година, објави денес централна банка на Германија.

„Во втората половина од 2013 година економскиот раст во Германија најверојатно ќе се стабилизира и ќе се нормализира”, истакнува Бундесбанк во редовниот месечен извештај.

Податоците на германската државна агенција за статистика покажаа дека активностите во германската економија скокнале во вториот квартал за 0,7 проценти во однос на претходниот квартал кога тие стагнираа. Главниот придвижувач на растот, според агенцијата Дестатис, била домашната потрошувачка, личната и јавната, а и инвестициите, исто така, биле зголемени.

Во Бундесбанк, сепак, се сомневаат во забележителното заздравување на инвестициите.

„Домашните инвестиции веројатно нема позначително да се опорават се додека долгорочно не се подобрат можностите за раст на германските соседи и додека неизвесноста во поглед на економските политики не биде дополнително придушена со соодветни мерки за задушување на должничката криза во еврозоната”, предупредуваат од централната банка.

Личната потрошувачка и натаму ќе ја поткрепуваат умерената инфлација и ниската невработеност, се додава во извештајот.

„Во идните неколку месеци темпото на растот на потрошувачките цени веројатно донекаде ќе ослаби”, проценуваат во Bundesbank.

Во јули инфлацијата во Германија изнесувала 1,9 проценти и била малку повисока од просекот во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП