7 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку пари заработи Илон Маск за шест месеци

Колку пари заработи Илон Маск за шест месеци

На новата листа милијардери убедливо доминира основачот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Eкс“, кој од април заработил дури 60 милијарди долари.

Илон Маск (50), основачот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Екс“, е убедливо најбогатиот човек во светот, судејќи според најновото рангирање на милијардерите.

Според Дејли Меил, Маск тежи дури 230 милијарди долари и од април годинава заработил дури 60 милијарди долари.

Него сигурно пандемијата на коронавирус не му наштети, бидејќи електричните автомобили се продаваат одлично, и тој добро се снајде во трката за вселенски туризам.

За брзината на неговото обогатување сведочи и податокот дека Маск само во средината на минатата година влезе во првите десет најбогати милијардери на планетата, а денес е убедливо прв.

Компанијата на Маск „Спејс Екс“ ја зголеми својата вредност. Вредноста на компанијата се проценува на 100,3 милијарди долари, а во моментов е втората највредна приватна компанија во светот по кинеската „Бајтденс“.

Маск, кој е роден во Јужноафриканската Република, ја започна својата кариера како ко-основач на “PayPal”, пред да основа двете компании по кои е познат денес. Тој неодамна објави дека ќе го премести седиштето на „Тесла“ од Калифорнија во Тексас со цел да ги намали трошоците за даноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар