19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАXiaomi објави кога ќе започне со производство на електрични автомобили

Xiaomi објави кога ќе започне со производство на електрични автомобили

Извршниот директор на Xiaomi, Леи Јун, на инвестициски настан во вторникот рече дека кинеската корпорација планира да започне со масовно производство на електрични возила во првата половина на 2024 година.

Според кинеските медиуми, Леи изјавил дека подготвителните работи на проектот за електрични автомобили се одвиваат пред предвиденото.

Во септември, Xiaomi објави дека планира да го лансира своето прво електрично возило во 2024 година и истакна дека ја завршил регистрацијата на Xiaomi Qiche, нејзината подружница која ќе се фокусира на производство на електрични автомобили.

По денешната изјава на директорот, акциите на кинеската компанија во Хонг Конг зајакнаа за 4,92%.

За потсетување, Xiaomi ги откри плановите за влез на пазарот на автомобили на почетокот на годината.

Како што беше најавено во тоа време, првиот автомобил на Xiaomi ќе биде SUV, подобрена верзија на компактниот модел T77 (на сликата) од кинеската марка Besturn.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП