20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Или функцијата или сметките

Русија: Или функцијата или сметките

O

Доколку руските високи функционери до сега не се откажале од банкарските сметки и имотот во странство, според законот ќе бидат разрешени од функцијата.

Ова се однесува на пратениците од парламентот, членовите на Владата, претседателската администрација, претставниците на федералните власти, Централната банка и шефовите на државните корпорации.

Во Русија денес истече рокот од три месеци, во кој високите функционери мораа да се определат дали ќе се откажат од функцијата или од банкарските сметки и имотот во странство, вклучувајќи ги и оние кои се водат на име на нивните членови од семејството.

Руските медиуми истакнуваа дека е многу тешко да се пресмета колку функционери се опфатени со овој закон, кој е наречен „национализација на елитата“, како и тоа дека е тешко да се избројат банкарските сметки во странство кои ги имаат функционерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП