20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка ќе подели дивиденда за акумулираната добивка од 2019 и 2020...

НЛБ Банка ќе подели дивиденда за акумулираната добивка од 2019 и 2020 година

НЛБ Банка АД Скопје поднесе Предлог-одлука за распределба на дивиденда и утврдување дивиденден календар на кое Собранието на 19.11.2021 година треба да ја донесе.

Согласно Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година и 2020 година ќе се исплати дивиденда во бруто-износ од 1.526.207.007,00 МКД.

За акумулираната добивка од 2019 година ќе биде исплатен износ од 503.895.990,00 МКД, а за 2020 година ќе биде исплатено 1.022.311.017,00 МКД.

Износот на бруто-дивидендата по акција ќе изнесува 1.787,00 денари, што е помал во однос на претходните најави и она што го очекуваа акционерите.

Последен датум на тргување со право на дивиденда е 1.12.2021 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда е 2.12.2021 година.

Исплатата на дивиденда ќе почне на 30-от ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП