Три нови случаи на ебола се потврдени на истокот на Демократска Република Конго, што го зголеми вкупниот број на заразени на пет во последните десет дена, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Здравствените власти велат дека најновата епидемија најверојатно е поврзана со масовна епидемија која траела од 2018 до 2020 година, при што загинале повеќе од 2.200 луѓе и заразиле повеќе од 1.000 луѓе, пренесува „Ројтерс“.

