21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШулц: Неопходно е олеснување на условите за намалување на грчките долгови

Шулц: Неопходно е олеснување на условите за намалување на грчките долгови

martinshulc1

Меѓународните кредитори треба на Грција да и дадат повеќе време за намалување на кредитите, што на Атина и беа доделени за борба со кризата, како и да се намалат каматите за нив, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, во интервју за германскиот весник „Цајт онлајн“, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Според германскиот политичар, ако тоа и помогне на Грција да го консолидира својот буџет, тогаш овој чекор е неопходен.

Локални експерти ваквите олеснувања на кредитните услови ги оценуваат како разновидност на отпишувањето на грчкиот државен долг и едногласно се изјаснуваат против тоа. Особено категорични во овој однос се германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Претседателот на ЕП ја подлече и улогата на европските банки, кои, според него, треба поактивно да бидат привлечени кон борбата со кризата во монетраната унија.

Шулц како недозволива ја оцени сегашната положба во која кредитните институции користат ниски камати на Европската централна банка (ЕЦБ) од 0,5 проценти само за свој интерес и не придонесуваат за развојот на економиите во криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП