4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУвезен пририден гас без платена 90 илјади евра царина

Увезен пририден гас без платена 90 илјади евра царина

makpetrol-gas

Трговско друштво од Скопје, носител на лиценца за производство на топлинска и електрична енергија, избегнало плаќање 5,5 милиони денари или околу 90 илјади евра царински давачки при увоз на 1.264.102 нормални метри кубни или 42.923 тера џули природен гас (метан) вреден 530 илјади американски долари.

Како што соопшти Царинската управа, измамата е откриена со проверка на фактурите, актите за примопредавање на испорачан гас и извештаите за квалитет на гас на испорачателот на природен гас.

При контрола на работењето за првото полугодие од 2013 година, утврдено е дека трговското друштво го реализирало увозот без воопшто да поднесе царински декларации. Со тоа, бесправно отстранило стока од царински надзор која подлежи на увозни давачки.

Против трговското друштво ќе биде поднесена соодветна пријава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП